← НАЗАД НА БОЗА

Боите во домот според Фенг Шуи

Боите во домот според Фенг Шуи
1071 Читања

Во фенг шуи филозофијата, боите се користат според петте елементи на теоријата.

Бојата е еден од најлесните начини да го промените изгледот на енергијата во вашиот простор. Секоја боја е израз на една од петте фенг шуи елементи: оган, земја, метал, вода и дрво.

Елементите се користат за одредени области во согласност со енергетската мапа на вашиот простор.

Овој водич може да ви помогне да ги изберете најдобрите бои за хармоничен фенг шуи дом. Овие бои ќе ви помогнат да креирате среќен и здрав дом. Боите се како музика, колку повеќе ги апсорбирате во текот на денот, толку поголемо чуството на благосостојба ќе имате. Не плашете се да внесте живописни бои и бојата на светлината, која е најбитна за материја во нашиот живот.
Оган – страст и висока енергија
Избалансиран елемент на огнот во вашиот простор ќе донесе позитивна енергија во вашата кариера и ќе ви помогне да постигнете високи општествени признанија. Огнот во фенг шуи го претставува Југот, но енергијата на огнот се препорачува да се искористи и во североисточниот дел и југозападниот дел во вашиот простор. Боите на огнот во фенг шуи се црвената, портокаловата, виолетовата, розевата и јаката жолта.
Земја – стабилност и хранење на телото
Силниот и хармоничен фенг шуи земја елемент во вашиот дом, ќе помогне да се создаде стабилност, заштита на вашите односи и добра храна. Земјата е елемент на североисточниот и југозападниот дел од вашиот дом. Исто така може да се користи и во централниот дел од просториите. Боите на овој елемент се светло жолтата, сите нијанси на беж и песок бои.
Метал – јасност и прецизност
Овој елемент носи квлитетен и избалансиран живот со јасност и леснотија. Металот во фенг шуи е елемент на западниот и северозападниот дел од вашиот дом. Металот е добро да се користи и во северниот дел од вашите работни канцеларии. Боите на металот се сива и бела.
Вода – свежина и богатство
Овој елемент ќе ви донесе освежувачка енергија на спокој, чистота и свежина во домот. Водата е антички симбол на богатство, но и моќен фенг шуи лек. Водата во фенг шуи се користи на северната страна. Но добро е и може да се искористи и на источната и југоисточната. Боите на овој елемент се сината и црната.
Дрво – здраје и виталност
Исцелнителна енергија го претставува овој елемент, кој ќе ви донесе здравје, виталност , благосостојба и богатство. Се користи на источната и југоисточната страна од домовите, а може и само на јужната. Боите кои го претствуваат овој елемент се кафената и зелената.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - webdesignplus.mk