Prison brake

10 Авионски нереќи кои ја сменија историјата и иднината на авијацијата! – VI дел

1994 година, Питсбург, лет USAIR 427

Подобрување: Нов систем за кормилото на Боинг 737

Кога летот USAir 427 го започна своето слетување на аеродромот во Питсбург, авионот Боинг 737 одеднаш се стркала на лево и се сруши на земјата, при што загинаа сите 132 патници. По испитувањето на црната кутија, било увидено дека кормилото било насочено налево и тоа всушност го предизвикало падот на авионот. Но, зошто? Претставниците од компанијата USAir го обвинија авионот. Претставниците од компанијата Боинг ги обвинија членовите на екипажот. Тоа траеше речиси пет години за Националниот борд за безбедност на транспортот да дојде на крајот до заклучок дека заглавен вентил направил кормилото да работи обратно од очекуваното: кога пилотите ја притиснале командата за десно, кормилото се насочило налево.

Како резултат на тоа, Боинг потроши 500.000.000 $ за модернизирање и за подобрување на кормилата на сите 2800 авиони.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Ez6I-oErY4A&

httpv://www.youtube.com/watch?v=lQTeVIf1hMA&

httpv://www.youtube.com/watch?v=cfyVzsGSaJg&

Write A Comment