Многу мажи се професионалци кога станува збор за симулирање врска. Со други зборови додека ти мислиш дека „одите“ тој всушност е заинтересиран само за телесниот дел од играта. Еве како ќе откриеш дали и со тебе се случува вакво нешто:
Се однесува со тебе како со еден од другарите – многу е веројатно дека тој планира да не се стигне до статусот „твој дечко“, а сака само малку да се позабавувате. Вљубениот маж се однесува многу поразлично со саканата жена одошто со своите пријатели.
Маж кој раскажува се едни исти вицеви или ти дава се едни и исти комплименти, идентични како и на првиот состанок, ништо чудно да ја игра веќе испраксираната улога, односно добро обработена техника за да те однесе во кревет.
Не комонуцирате лично – нема спор дека електронските комуникации се начин на живот. Но ако еден маж сака нешто посериозно, секогаш ќе најде време да ти се јави, наместо да ти праќа смс-и или мајлови. Ќе инсистира да минувате повеќе време заедно но во живо.
Обично си седите дома – гушкањето на троседот изгледа супер, но имај едно на ум, ако твојата симпатија постојано избегнува да те покажува пред луѓе, ништо чудно да несака да си ги спушти акциите пред другите жени, кои ќе го видат со тебе. Односно не сака да го сметаат за „зафатен“.
