Успехот на италијанската дизајнерска куќа се крие во разбирањето на врската меѓу внатрешните желби и чувства на една жена и нејзината визија.
Последната есенско-зимска колекција за 2012 година представена од познатата низ цел свет компанија, е само потврда на нивниот висок професионализам, насочен кон задоволување на потребите на современата жена.
Луксузниот веш е инспириран од далечните 50-ти години. Сатен, богато орнаментирана тантела, фина свила…направени така за да го обвијат женското тело во комфорт, убавина и да ја направи жената да се чувствува уверена во сопствениот сексипил и возможности…
Погледнете ја фотосесијата на новиот каталог на La Perla:

















