← НАЗАД НА БОЗА

Направете своја емоционална мапа:) Едноставно нели?

Направете своја емоционална мапа:) Едноставно нели?
1988 Читања

Следете ги нашиве инструкции и изградете ментална мапа за себе и за она што најмногу го сакаш!

Оваа мапа ќе ти помогне да научиш правилно да комуницираш со самата себе и да ги освежиш сопствените емоции. Идеата за оваа ментална мапа потекнува од книгата “Ментална мапа за малите”.

Освестете ги емоциите

Освен за учење и запаметување на податоци со помош на менталната мапа можеш да водиш внатрешен монолог и да научиш подобро да комуницираш со самата себе. Со правењето на оваа мапа, можеш лесно да ги контролираш емоциите како што се лутина, бес и други негативни емоции, ќе откриеш што е она што те налутило и со помош на самоанализа да ги надминеш ваквите емоции.

Оваа техника е често употребувана од страна на терапеути што работат на проблемите во бракот, бидејќи како што веќе кажавме оваа мапа е идеална за воспоставување на подобра комуникација и со самата себе но и со партнерот и останатите луѓе од вашето опкружување. Употребата на оваа мапа на децата им помага слободно да се изразуваат и да бидат свесни за своите емоции уште од мали нозе.

Ментална мапа за себе

Потребно ти е само хартија, фломасери во боја и твојот мозок. Избери лесна и многу важна тема, онаа за која можеш да се пофалиш дека си најдобриот светски експерт – ти и она што најмногу го сакаш, она што тебе ти се допаѓа.

Во средината на мапата го поставуваш зборчето САКАМ. Направете си и скица на вас самите под него, се разбира тоа не мора да биде ремек дело, туку само симболика на вашата личност.

Напиши ги петте најсакани нешта

Од центарот на мапата, односно вашата скица, направете пет линии кои излегуваат од центарот и одат периферно кон краевите на листот хартија. На секој од петте краеви позиционирај по една од омилените работи за вас како на пример ( музика, компјутерски игри, домашни миленици, фудбал, танци и др. ) Ова не е тешко, зарем не?

Наредното нешто кое треба да се направи е следново: На секој од петте краци додадете уште по три, мапата треба да изгледа како разгрането дрво. Она што треба да го напишеш на овие новододени три краци е првото што ќе ти падне на памет во врска со конкретниот збор напишан на една од главните пет гранки. На пример ако сакаш музика, можеш да додадеш три видови музика, или ако сакаш животни тогаш напиши за кои животни станува збор.

Колку долго можеш да продолжиш со додавање на нови гранки? Бесконечно. Менталнава мапа ќе ти помогне да докажеш дека способноста на твојот мозок за размислување е бесконечна. Кога ќе завршиш, честитај си. Веќе ја направи својата прва ментална мапа!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk