Дестинации

„ Ѓаволскиот базен “ – дестинацијата за најхрабрите !!!

Сте размислувале ли за место кое во исто време ќе Ви ги претстави сите убавини на природата и ќе Ви овозможи неверојатно чувство на возбуда, многу адреналин и екстремност ???

Тогаш, несомнено треба да се упатите кон Зимбабве и да ги посетите Викторините водопади… односно, да се бањате на самиот раб, односно местото каде што водата почнува да паѓа. Викторините водопади спаѓаат во групата на најголеми водопади во светот. Истовремено, тие се единственото место од ваков тип…

Всушност, на самиот раб се создава воден џеб во кој бањањето е безбедно. Непосредно се наоѓа природен ѕид кој спречува да  „ одлетате “ неколку стотини метри иако и тоа не е безрезервна гаранција за невнимателните и оние со недостаток на храброст.

Дали и Вие се вбројувате во  „ кукавиците “ или со нетрпение го очекувате моментот кога ќе си ги „ измерите силите “ со природата ?

Разјаснете си …

Напиши коментар