After Midnight

„ Мачо мажите “ се категорија од изумрен вид ???

Жените се жалат дека повеќе не постојат „ мачо мажи “… Но колумнистот Џон Пауерс е тука да ги разубеди.

Колумнистот, графичар и комичар Џон Пауерс, за порталот GalTime , им објаснува на девојките и жените, како да препуштат, нивниот маж да биде – мажествен…

Пружете им поддршка и пробајте да ги разберете –  Како што на жените не им е лесно во модерното општество, така не им е и на мажите. Како прво, прифатете ги нивните феромони. Всушност, тој е маж и понекогаш навистина така мириса…

Ценете ги неговите мажествени карактеристики. Неговиот тестостерон ја балансира Вашата врска. Немојте да го присилувате да се депилира, а ако сака да „ пушти “ брада, немојте да му префрлате. Пуштете го сам да се облече. Не присилувајте го да носи тесни фармерки, бидете задоволни ако се чисти. Ако го облекол Вашиот омилен костим, за Вашата роденденска забава, не значи дека тоа ќе треба да го прави секој ден…

Бидете горди на него додека чекорите заедно – и тој ќе биде на Вас… Прифатете ја неговата сексуалност. Тој е хетеросексуалец – не метросексуалец !!! Дозволете му да ја превземе контролата во кревет, препуштете се на неговиот отворен ум. Треба да ги цените Вашите разлики. Ако Вие сте вегетаријанка, не значи дека и тој не треба да јаде месо…

Жените најчесто за идеални мажи ги бираат Џони Деп или Џастин Бибер… Разберете !!! Мажите не треба да бидат феминизирани или во фаза на предпубертет за да бидат мажествени. Традиционалниот „ мачо маж “, знае како да се однесува спрема една дама. Мажественоста на Вашиот партнер е од витално значење за Вашата врска и немојте да ја занемарувате. Всушност, Вие погрижете се Вашиот маж да се чувствува токму како таков!!!

Напиши коментар