Sweet Home

„ Рајски дом “ – вистинска инспирација од рајот во Костарика…

Оваа куќа која се наоѓа на полуостровот Папагајо, во Костарика е синоним за парче рај, кое случајно долетало на земјата… Осветлената внатрешност на магичен начин го изразува околниот пејзаж…

Заземајќи  површина од 500 метри квадратни, овој современ приказ на моќната архитектура е поделен  на 400 метри квадратни внатрешен простор и останати 100 метри квадратни на отворено… Големите прозори во дневната соба, кои се совршени рамки за надворешните инспиративни пејзажи, овозможуваат дијалог помеѓу природните сили и архитектурата. Четири соби, пет бањи и два тоалети ги дочекуваат сопствениците на куќата која гледа накај зелените пространства на голф терените, а собата за дневен престој и собата за забава, со бесконечниот базен, создаваат единствен и прекрасен простор за уживање со семејството и пријателите.

Како дел од рајскиот полуостров Папагајо, овој луксузен дом го нуди најдоброто од двата света – елегантен дизајн сместен во живописен пејзаж.

Напиши коментар