Дестинации

„ Златен павиљон “ … Зен – будистичкиот манастир во Јапонија

Зен – будистичкиот манастир или Кинкаку – Џи, се наоѓа на планината Хокуџан во градот Кјото, во Јапинија. Овој павиљон, кој се смета за најдобар пример од периодот на Муромачи, го опкружуваат рибник и преубава градина.

Златниот павиљон е изграден за  богатиот државник Сајонџи Кинцунеа и бил изграден како негов дом. Во 1397 година го откупил генералот Ашикага Јошимичу и го претворил во павиљон. Меѓутоа после смртта на Јошимичу, павиљонот станува зен –  будистички манастир.

Златниот павиљон е троспратна зграда, чии два ката се покриени со златни лисја. Го карактеризираат три архитектонски стилови: шинден, самурај и зен. Секој друг спрат користи друг архитектонски стил. Златниот павиљон го опкружува величествена јапонска градина каде што се наоѓаат рибник и околу десеттина помали островчиња. Најголемо островче во езерото е прекрасниот Јапонски остров.

Навистина релаксирачка дестинација…

Фокусирајте се на мирот кој го овозможува…

Напиши коментар