Легендарната група Аба одлучила да се вивне од пепелта и да се врати на сцена со нов албум. Групата, на своите службени страници објавила дека го снимаат првиот албум по тој од 1994 година. Иако имаа безброј понуди да се вратат во светот на музиката и да тргнат на турнеја, бендот сето тоа го одбивал. Ниту сега нема да одат на турнеја, а нема да снимаат и многу нов материјал.
Всушност, групата ќе направи реиздание на своите најголеми хитови со неколку бонус песни кои публиката досега немала прилика да ги чуе. Една таква песна е: „From A Twinkling Star To A Passing Angel“. Реизданието на албумот „The Visitors“ од 1981 година ќе се најде на продажните места на 23-ти Април.