Celebrity

„Aerosmith“ со нов албум ова лето!

И официјално е потврдено дека групата „Aerosmith“ ќе го објави новиот албум со наслов „Music From Another Dimension“ на 27-ми Август. Тоа ќе биде албум со потполно нов звук и стара енергија.

Пред да излезе 15-иот по ред студиски албум, бендот ќе го објави синглот „Legendary Child“, за кој моментално се снима музичко видео.

–          Албумот ќе звучи модерно. Немаме намери повторно да правиме музика која би звучела како „Night in the Ruts“ или „Rocks“. Сакаме модерен звук, но најважно е да ја задржиме енергијата која ја имаа претходните албуми, – изјавил гитаристот Jo Perry, кој за крајот на летото најави и промотивна турнеја.

Засега на интернет ја има само студиската верзија на песната „Legendary Child“, која премиерно беше изведена во шоуто „Американски идол“:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=GoDk7nIVuHc

Напиши коментар