Celebrity

„Duran Duran“ ќе ја отворат Олимпијадата во Hyde Park!

Англискиот поп-рок бенд „Duran Duran“ кој својата популарност ја заработи со хитовите од 80-тите години на минатиот век, ќе одржат свој концерт на 27-ми Јули во „Hyde Park“ во Лондон, а со тоа и официјално ќе започнат Олимписките игри.

–          Овој настап ќе биде еден од најважните за нашата група во последнава декада, – порачува Simon Le Bon, пејачот на бендот кој ќе ја претставува Англија.

Инаку, секој дел од Велика Британија ќе има свој претставник на отворањето. Северна Ирска ќе ја претставува бендот „Snow Patrol“, за Велс ќе пеат „Stereophonics“, а за Шкотска Paolo Nutini.

Церемонијата за свеченото отворање на Игрите ќе се одржи на другиот дел на градот на Олимпискиот стадион во Лондон, а во живо во „Hyde Park“ ќе биде пренесена на големи екрани.

Напиши коментар