After Midnight

„Фраерите“ со самодоверба мислат дека жените лудуваат по нив

Мажите не може да се пофалат со способност да проценат некого кога е во прашање дали и се допаѓаат на некоја девојка или не. Доволно е само да му се насмеете и тој да мисли дека сакате да спиете со него и дека сакате да ги запознаете неговите родители.

Истражувањето на списанието Psychological Science, кое се фокусира на откривање на тоа кои фактори ги наведуваат мажите да помислат дека некоја жена е заинтересирана за нив, покажа дека мажите со самодоверба мислат дека убавите жени сигурно се заинтересирани за нив. „Најлоши“ се оние мажи кои себеси се сметаат за многу привлечни и згодни, бидејќи тие мислат дека секоја жена сака да биде со нив. За разлика од нив, мажите кои се навистина згодни, според проценките на жените, биле далеку поумерени.

За разлика од мажите, жените не се такви „его-фрикови“. Сите жени кои учествувале во истражувањето го потцениле интересирањето на мажите за нив, па според овие податоци, чудно е како мажите и жените едноставно не се откажале еден од друг.

Сепак, начниците како научници, имаат објаснување за тоа. Тие тврдат дека мажите кои се навистина згодни не се склони кон преувеличување на женската заинтересираност за нив, бидејќи реално може да ја имаат која жена ќе ја посакаат. Оние другите, на кои мајката природа не им била толку наклонета, мора да бидат похрабри и поупорни за да ги освојат жените. Според тоа, научниците заклучиле дека најдобро ќе поминат оние кои се упорни и кои постојано се обидуваат и не се откажуваат без оглед на се.

 

Напиши коментар