Здраво тело

„Кока – колата“ содржи канцерогено средство за обојување???!!!

Поради 4- метилимидазол, препарат кој во Калифорнија се нашол на канцерогената листата, Кока – кола го менува рецептот. За сега нема да има промена на рецептот за Европскиот пазар

Гигантските производители на безалкохолни пијалаци „Кока – кола“ и „Пепси“ ги променија рецептите за контингентите кои се во продажба во Калифорнија, поради постоењето на законот кој налага на амбалажата со напитоци кои содржат одредено ниво на супстанци наведени како канцерогени, мора да има предупредување на опасност од рак. Засега не е променет рецептот за нивните пијалаци наменети за Европа.

„Новите“ пијалаци со стариот вкус наскоро ќе ги исполнат рафтовите насекаде во Соединетите Американски Држави. „Кока-кола“ соопштија дека начинот на кој производителите ја добиваат карамел бојата воопшто не е опасен по здравјето на луѓето, но дека сепак биле замолени да го променат, за да нивниот производ, како што наведуваат, неосновано ја носи етикетата „канцерогено“.

Според новиот рецепт за добивање карамел боја, се употребува помалку 4-метилимидазол, супстанцата која во Калифорнија се најде на листата на канцерогена.

Супстанцата се најде на лош глас по испитувањата врз глувците и стаорците. Американското здружение за пијалаци тврди дека не постои доказ дека таа ги загрозува луѓето, дека еден човек би требало да испие илјада лименки „Кока-кола“ или „Пепси“ за да се изедначи со дозата која им е давана на глувците во научното испитување.

-Потрошувачите нема да почувствуваат никаква промена во нашите производи и нема никаква причина за загриженост околу нивното здравје – порачува Здружението.

Центарот за наука во јавниот интерес, потрошувачката лоби-група, во февруари поднесе барање во Сојузната администрација за храна и лекови да го забранат користењето на амониум – сулфитот  за боењето на карамелот.

Напиши коментар