Лондонското трио „Prodigy“ овој пат го носи својот музички фестивал со наслов „Warriors Dance“ во Србија.
Оваа изјава официјално ја соопштил фронтменот на групата Кит Флинт. Веста е соопштена на радиото ВВС, во емисија каде Кит гостувал заедно со Лиам Ховлет. Тие зборувале и за новиот албум на бендот кој треба да излезе подоцна во текот на оваа година.
– Пред да излезе албумот, го водиме нашиот фестивал во Србија, изјавил Флинт.
На официјалниот сајт на групата пишува дека „Денс фестивалот на воините“ ќе се одржи на 15-ти Септември и тоа на Калемегдан. Билетите ќе можат да се купат од 16-ти Јануари, понеделник.