Motherhood

„Рецепт“ за добивање на машко дете

Разликата во годините меѓу брачните партнери, периодот на овулација и начинот на исхрана се три основни услови за добивање на машко дете.

„За да добиете дете од машки пол мора да се прифатите три режими. Тоа е разликата меѓу годините меѓу брачните партнери, овулацијата и режимот на исхрана“, тврди Шушкавчевиќ.

Тој вели дека и секоја седма година полните органи се подмалдуваат – во 14тата, 21, 28, 35, 42 и 49тата година.

„Кога партнерот во брак ќе ги наполни овие години раѓа дете од неговиот пол, се додека другиот брачен другар не ги напони назначените години, и го превземе неговиот пол. Подмаладувањето започнува секоја седма година но не смее да се ризикува пола година, бидејќи кај некои почнува порано или покасно“, раскажува Шушкавчевиќ.

Како пример тој наведува дека, ако едниот брачен партнер, на пример, напони 21 година а другиот 19, тој кој наполнил 21 има предност да добие дете од сопствениот пол, се додека другиот партнер не наполни 21 година, вели Шушкавчевиќ.

Предност за добивање на „пиштолџија“ е во случаевите кога мажот постар пет до шест години, или 12 до 13, или, према зборовите на Шушкавчевиќ, и случаевите кога жената е постара година до две од сопругот.

„Докажано е дека во фамилијата со две деца, ако едното е постаро 7 или 14 години, мора да бидат од ист пол, со исклучок ако жената останала трудна во третиот ден од овулацијата или третиот ден пред овулација“, тврди Шушкавчевиќ.

Напиши коментар