Celebrity

„Сам дома“ по 5-ти пат…

Новиот дел на серијалот кој го прослави актерот Macaulay Culkin ќе биде прикажан на телевизија. Американската телевизиска мрежа „ABC family“ соопштила дека до крајот на оваа година ќе го претстави петиот дел од серијалот „Сам дома“.

Главни ликови во ова остварување ќе бидат брат и сестра кои остануваат сами во семејната куќа и мораат да се борат против „духови“ за кои се убедени дека престојуваат во нивната нова куќа.

Главните улоги ги играат Christian Martin и Jodelle Ferland.

Во првите два дела на познатиот класик во главната улога го гледавме Macaulay Culkin, во третиот дел играше Skarlett Johansson, а од четвртиот дел па наваму серијалот е преместен од кината на малите екрани.

Напиши коментар