Celebrity

„Самрак“ не завршува тука!

Мислевте дека е крај на „Самрак“?

Е, тогаш сте се излажале. Во план е да се снимат уште продолженија и покрај фактот што се снимени филмови според сите книги.

„Самрак сагата“ на Стефани Милер досега вроди со пет филмови од кои последниот ќе може да се погледне во кината оваа година. Сепак, иако приказната за љубовта помеѓу вампирот Едвард и „обичната“ девојка Бела е готова, од „Lionsgate“ планираат да снимат продолженија.

–          Знам дека последниот филм ќе ја надмине цифрата од 700 милиони долари на благајните, и би било вистинска штета да не се снимат продолженија, – изјавил директорот на студиото Џон Фелтхајмер.

–          „Самрак“ е фантастична приказна и планираме да поработиме на развивање на приказната со цел да снимиме повеќе филмови, – додава тој.

Се планира филмовите да бидат преточени и во ТВ серија. Последниот снимен филм треба да се појави на 16-ти Ноември.

Напиши коментар