Знаеме дека било која од нас тешко може да се откаже од бојадисувањето, пеглата за коса или фенот. Сето тоа ја оштетува косата, но со малку труд и време има како да и ја вратиме живоста и сјајот. Сега ќе ви представам една супер хранлива и витаминска маска со силно изразен регенеративен ефект. Најпрво ви треба едно меко авокадо кое ќе го испасирате и претворите во пире. На тоа додадете половина банана исто така испасирана, две лажици мед, една жолчка и три лажици маслиново масло. Сите овие продукти употребени во една маска за коса гарантирано ќе ви помогнат да ја подобрите доста состојбата на својата коса. Нанесете ја пастата на косата и скалпот и оставете да делува не помалку од еден час покриена со најлонска капа и крпа. Потоа косата се измива со благ шампон во мало количлество.