Актерот Idris Elba изјавил дека ќе ја репризира својата улога Heimdall во продолжението на успешниот филм за митскиот јунак „Thor“, кој поради своите гревови е пратен на Земјата.
„Thor 2“ кој започнува со продукција подоцна оваа година, треба да истражи и други делови на вселената освен Асгард и Земјата. Elba, кој засега е запознат само со дел од сценариото, вели дека е возбуден поради филмот, не само поради својата улога, туку и поради приказната, која е поинтересна и побогата од таа во првиот дел.
– Heimdall има поголем ангажман во вториот дел, но она што е неверојатно е самата приказна која открива кои навистина се Асгадијанците. Мислам дека гледачите ќе бидат прилично задоволни, – изјавил Elba.