Celebrity

„Уметникот“ и понатаму растура!

Се поблиску сме до доделувањето на Оскарите, кое ќе се случи доцна утре вечер. Наспроти големите очекувања за церемонијата, филмот „Уметникот“ и понатаму собира награди и овој пат со шест признанија беше дефинитивен победник на 37-мите по ред Цезар награди во родната земја, Франција.

Филмот бил награден за Најдобар филм, Најдобра женска улога, Најдобра кинематографија, Најдобра музика, Најдобар продуцентски дизајн и Најдобра режија, по што режисерот изјавил:

–          Ова е филм со кој почнавме буквално од дното. На почетокот, никој не сакаше да го направи, а сега сме на врвот. Се работи за одлична приказна, – биле неговите зборови.

Црно-белиот филм има 10 номинации за Оскар, па сите сме во исчекување да видиме што ќе се случи со овој фамозен филм.

Напиши коментар