Celebrity

„Вистинската приказна“ на Brad Pitt и James Franco!

Ѕвездите од филмот „Формула на успехот“ Brad Pitt I Jonah Hill овој пат се продуценти на „Вистинска приказна“.

Pitt и Hill ќе снимаат за познатиот новинар на „New York Times“ – Michael Finkel. Филмот ќе биде снимен според мемоарите на новинарот кој во 2002 година открива дека неговиот идентитет го користи еден сериски убиец по име Christian Longo. Michael бил отпуштен од работа откако бегалецот бил фатен во Мексико и изјавил дека единствено сака да зборува со Finkel.

Longo не ја признава вината и бара од власта да ја каже „вистинската приказна“. Него во филмот ќе го глуми James Franco, a Finkel ќе биде Jonah Hill. Сеуште не се знае кога ќе почне снимањето на филмот.

Напиши коментар