Убавина

3 Домашни рецепти за кожа без акни

Акните се сметаат за еден од најчестите проблеми на кожата. Возрасните и тинејџерите се борат со овој проблем поради најразлични причини. Следниве домашни рецепти на природна база ќе ви помогнат да се ослободите од овој проблем.

1.Тонер од мед и јаболков оцет

Во сад ставете пола лажичка мед, пола  лажичка јаболков оцет и измешајте ги овие состојки со дестилирана вода.Растресете го садот за да ги измешате убаво состојките. Користете памук за да го нанесете тоникот на лицето. Користете го овој тоник барем еднаш дневно за да ја спречите појавата на акните и да ги излечите веќе постоечките акни.

2. Лосион од грашок  и сок од лимон

Подобрете го вашиот тен со ревитализирачки третман и уживајте во кожата без акни што ви ја нуди овој природен рецепт. Користете блендер за да добите мала количина од изблендиран грашок.

Земете чинија со средна големина и измешајте изблендираниот грашок  со мала количина на сок од лимон и вода. Оставете го да делува на лицето 10 минути а потоа исплакнете го со млака вода. Видете го природниот сјај на вашето лице

3. Лосион од јагоди и млеко

Измешајте ги овие две состојки кои содржат антиоксиданси за лице без акни.Во сад згмечете 4 до 5 јагоди со помош на вилушка. Следен чекор е да додадете малку брашно и 15мл млеко за да напрвите смеса.

Нанесето го на лицето ама внимавајте на осетливите делови околу очите и устата.Оставете ја маската да делува најмалку 20 минуту.Конечно исплакнете со млака вода.

 

Write A Comment