Дебелината понекогаш не е последица на прејадување, туку последица од разноразни фактори, од кои навистина остануваме изненадени…
1. Ставот спрема дебелината
До 1997 индексот на телесна маса помал од 27 се сметаше за нормален, денес истиот е спуштен на 25, дури и помалку…
2.Подобра хигиена
Колку што почесто се мијат рацете, толку помалку бактерии има во организмот, а експериментите покажуваат дека некои бактерии го поттикнуваат телото да троши повеќе калории.
3.Вашите родители ( генетски )
Слаби луѓе сеуште постојат. Истите имаат и слаби родители.
4.Ставот на Вашата мајка спрема исхраната, во бременоста
Токму така, начинот на кој што се хранела Вашата мајка влијае на склоноста кон дебелење. Ако јадела како за двајца, големи се шансите и Вие истото да го правите, во позрела доба.
5.Тука се и пријателите
Ако поголемиот број од Вашите пријатели се дебели, големи се шансите и Вие да им се придружите.
6.Автомобил, кауч, стол – нашите „најдобри другари“
Доколку не се движиме ни приближно од она што треба, тогаш нема потреба од дискусија…
7.Поголеми порции
Секогаш е поисплатливо да се плати малку повеќе храна од квалитетен кувар. На тој начин почнаа да функционираат и рестораните. Промената што се случува е: ставот околу порциите!
8.Застарен е ставот за дебелината
Некогаш дебелината значела богатство, бидејќи само богатите имале што да стават на маса. Денес, квалитетната храна е поскапа и помалку калорична, што не значи дека не дебели, но луѓето сепак го имаат задржано мислењето од бабите дека: богатството на масата се мери по количината на храна, не по квалитетот …
