Celebrity

Adele ги собра наградите на „Billboard Music Awards“!

Вчера вечерта во Лас Вегас се одржа доделувањето на „Billboard Music Awards“ и дефинитивен победник на вечерта беше Adele, впрочем како и на секоја манифестација во изминатава година. Вкупно собра 12 награди, меѓу кои и најпосакуваната за Артист на годината, во која Британката победи во конкуренција со Lady Gaga, Lil Wayne, Katy Perry и Rihanna.

Наградата за Најдобар артист во машка конкуренција ја доби Lil Wayne, кој беше награден со уште два гонга за Најдобар рапер и Најдобар рап албум.

LMFAO ја следат доминацијата на Adele со дури седум награди, потоа „Coldplay“ кои собраа четири, а сите останати славни имиња беа наградени со по едно, евентуално две признанија.

Чест им се оддаде и на неодамна починатите ѕвезди од музичката индустрија: Whitney, Stevie и Donna Summer, а за Robin Gibb имаше едноминутно молчење.

Напиши коментар