Не постои подобра боја за нагласување на големината на личноста од белата боја. овој факт го препознаа и светските ВИП дами, па црвените теписи беа прополни со нокти налакирани во бела боја. Но дали овој тренд ќе заживее и на улиците ???
Лаковите за нокти во последните неколку години станаа поважен моден додаток од чевлите и чантите.
И додека еден дел од жените се одлучуваат за јаки бои како што се розовата, пастелните нијанси на сината или виолетовата боја, дел од жените не отстапуваат од користење на белиот лак за дополнување на нивниот изглед.

Но овој пат не се работи за нежна бела боја туку напротив станува збор за креч-белата нијанса.
Новиот тренд на креч-бела боја значи дека лакот не е проѕирен со мат димензија и кога ќе се нанесе на ноктите потсетува на коректор. Треба да се има на ум дека ваквите нијанси се изразито тешки да се искомбинираат, токму поради споменатиот „коректор“ ефект.
Мат белата боја не е многу привлечна, и кога ќе се нанесе „несреќно“ во одредени комбинации може да биде толку кич што многумина ќе си искоментираат „Што и е на оваа???„
Доколку оваа бела нијанси Ви е „премногу бела“ Вие може да одберете некоја понежна варијанта на бел лак, секако за да не делувате премногу наметливо. Тогаш лакот треба да го нанесете во најмалку 3 слоја за да тој совршено го покрие нокотот. Заблагодарувајќи на минималната количина на бела боја Вие нема да бидете толку наметливи.



