Дестинации

Bishop’s castle – Средновековен замок во „ Каубојската држава“

Colorado, San Isabel, е срцето на местото познато како „ Каубојската држава“. Во него, се наоѓа делото на „обичниот човек“-  Џим Бишоп, кое е тешко верувале или не 50 000 тонови. Интересно, ако патувате како турист во државата, ова место нема да го сретнете како понуда во ниту една официјална брошура.

Навистина штета, бидејќи местово е извонредно…Автентичниот изглед од ковано железо, локален камен, орнаменти, глава на змеј, на ова место му дава апокалиптичен изглед, односно на прв поглед изгледа дека ова место е инспирација од Adam’s family, но како и да е, ова е семеен дом. Сепак, неговата посетеност е дозволена во текот на целата година.

Во замокот се наоѓаат стари закони и документи кои ја критикуваат Власта, односно дават мотив на локалното население за остварување на нивните права. Можеби таа е една од причините за анонимноста на ова место. Во внатрешноста се наоѓаат и други интересни елементи а замокот нуди и прекрасен поглед. Да се надеваме дека ова место интензивно ќе стане популарно, бидејќи навистина нуди многу…

 

Напиши коментар