Celebrity

Борба меѓу „Луѓе во црно“ и „Одмаздници“! :)

Иако критиките не му беа баш наклонети на 3-тото продолжение од научно-фантастичната акциона комедија „Луѓе во црно“, филмот успеа да се пробие на благајните на кината ширум светот. По само три недели прикажување, филмот го симна мегапопуларниот „Одмаздници“ од првото место на гледаност и заработка.

„Луѓе во црно 3“ за време на првиот викенд прикажување заработил 55 милиони долари и така се најде на врвот на бокс офисот. Секако дека „Одмаздници“ е сеуште на првото рекордно место, но да го престигнеш овој филм, макар и во третата недела на прикажување, не е така мала работа.

Оваа недела на трето место се наоѓа филмот „Battleship“ со 10,8 долари заработка.

Напиши коментар