Сигурни сме дека откако ќе го прочитате ова, ќе отидете до најблискиот супермаркет и ќе си купите од ова превкусно овошје.
Познатиот дерматолог, Др. Howard Murad тврди дека боровницата, позната по благотворното дејство на кожата и крвотокот, може да направи вистинско чудо за нашето лице, односно дека е подобро редовно да се консумира, отколку да се користат скапоцени креми од најпознатите произведувачи.
„ Боровницата е полна со антиоксиданси и помага при намалување на црвенилото, лечење на акните и помага кожата да изгледа младо, поздраво и повитално. Исто така помага при лекувањето гореници предизвикани од претераното изложување на сонце, односно отстранувањето на отоците“, тврди лекарот.
Исто така, овој прочуен дерматолог кажува дека многу подобро е ова прекрасно овошје да се јаде, отколку да се нанесува во облик на крем или маска, бидејќи она што го ставаме на лицето, влијае само 20% на изгледот на нашата кожа, додека она што го јадеме или пиеме влијае 80% на нашата кожа.
Мурад препорачува барем грст боровинки на ден, а најдобро е да се јадат незасладени за ужина или со овесни снегулки за појадок…
