After Midnight

Дали вашиот интернет „принц“ е всушност лажен профил???

Па, почнавте интернет потрага и наидовте на еден навистина сладок тип. Од сликите ви се смешка дечко со мускули, прекрасна коса, убаво лице, добра работа, интересен стил… Вистина е или лага???

Истражувањето спроведено во Универзитетот Висконсин – Медисон најверојатно ја откри шифрата за детектирање на лажговците. Студијата покажува дека личностите кои избегнуваат да користат „Јас“ на својот профил најмногу лажат за податоците кои ги објавуваат, како изгледот, возраста, работата…

„Лажговците тоа го прават несвесно, за да се дистанцираат себеси од своите лаги“, објаснува Каталина Тома, професор по комуникација и водач на истражувањето.

„Луѓето кои лажат исто така често бираат и негација. Така, наместо да кажат дека се среќни, велат дека не се тажни. Наместо да кажат дека се енергични, велат дека не се досадни. Тоа го прават затоа што сметаат дека мора да се оправдаат. Исто така, ако речениците им се кратки и општи, значи дека ќе имаат помалку работи за објаснување доколку некој нешто ги праша“, објаснува Тома.

Луѓето кои поставуваат репрезентативни фотографии и избегнуваат да зборуваат за својот изглед најверојатно се лажни профили, тврди Тома. Истражувањето покажало дека дури 80% од анкетираните лица излажале за нешто на своите онлајн профили.

Ние само ќе ве посоветуваме да ја следите својата интуиција, затоа што ако нешто изгледа премногу добро за да биде реално, тоа најверојатно е така!!!

Напиши коментар