Celebrity

Деми Мур како мајка на Мајли Сајрус во најновиот филм „LOL“!

Штотуку објавениот прв трејлер за филмот „LOL“ се фокусира на Лола, која всушност е бунтовна девојка што сака да се забавува и за жал има многу лош однос со својата разведена мајка.

Мајли Сајрус ја игра главната улога, односно бунтовничката Лола, а Деми Мур е нејзината мајка, која е крајно разочарана од однесувањето на ќерка си.

Во филмот се открива турбулентниот тинејџерски период на Лола, која покрај дечковците, почнува да експериментира и со дрога, а се будат и нејзините сексуални страсти. Кога Ен (Деми Мур) ќе го пронајде дневникот на својата ќерка, ќе сфати колку се далечни тие две и колку е длабока бездната помеѓу нив.

Филмот за прв пат ќе биде прикажан во Велика Британија на 1-ви Јуни, годинава.

Еве го и трејлерот:

Напиши коментар