Направете ја оваа маска, која со својот мирис ќе направи да се почувствувате како штотуку да сте се вратиле од одмор. Освен тоа што фантастично мириса, исто така полна е со хранливи состојки кои набрзина ќе ја ревитализираат кожата.
Оваа пилинг маска на вашата кожа ќе и го врати сјајот, ќе и даде влажност и ќе ја исчисти од мртвите клетки. Одговара на секој тип на кожа.
Потребно ви е:
– ананас
– 1 шолјичка изладен чај од камилица
– 2-3 лажици пченкарно брашно
Изблендирајте го ананасот, па во него додадете го пченкарното брашно и две лажици од чајот од камилица. Потоа убаво измешајте. Со оваа смеса намачкајте го лицето, вратот и деколтето. Оставете нека делува а потоа измијте се со млака вода. На крајот измијте го лицето со остатокот од чајот.
