Дестинации

Dolmabahce – сарајот на последниот „ Величествен“

Волшебниот Босфор нуди многу… Но, секој кој за момент ја почувствувал модерно-ориенталната структура на Истанбул, ќе почне да раскажува за чувството кога си „гостин“ во домот на последниот Величествен султан. Долмабахче е раскошната палата, во Бешикташ која во себе чува многу тајни, конспирации, и по „неколку“ тони злато и кристали…

Еден од најбогатите дворци во Светот, е изграден во 19 век, како административен центар на Отоманската Империја. Иако функционално, објектот бил харем на последниот султан. Во внатрешноста има 285 соби од кои 46 се соби за престој, 6 се бањи и 69 тоалети…Секоја соба нуди различен изглед, автентичен на периодот на Отоманската империја, а се претпоставува дека Долмабахче е и еден од најскапите објекти во светот. Во централниот салон се наоѓа и лустерот тежок 400 тони, а како дел од Палатата е и собата каде што живеел и починал Кемал Ататурк. Интересна за гледање е и смената на гардите, а она што можеби и најмногу ќе Ви привлече внимание е чувството додека излегувате од палатата…Задолжително посетете го ова место…ќе дознаете зошто…

Напиши коментар