Убавина

Домашен сјај за усни од чоколада

Ова уште кога го прочитав ми свучеше многу слатко, па бев убедена дека и вам ќе ви се допадне. Искрено не знам колку долго ќе можам да го задржам на усните, но вреди да се проба. Спремете го овој домашен сјај за усни кој освен тоа што ќе ги направи вашите усни сјајни во нијанса на чоколада, воедно и ќе ги негува и штити од надворешните влијанија.

За да го подготвите овој рецепт потребно ви е:

–      една лажичка кокосово масло

–      1 лажичка бадемово масло

–      1 лажичка какао путер

–      3-4 капки чисто масло од витамин Е

–      1-2 капки екстакт од нане

–      една лажичка чоколаден чипс

Ставете ги сите состојки во еден мал сад кој е отпорен на оган. Во еден сад ставете вода, околу 1 см од садот и ставете го на среден оган. Одозгора ставете чинија во која ќе го ставите садот со состојките. Мешајте со дрвена шпатула, ова треба да трае 5 минути. Кога состојките ќе се растопат и соединат оставете ја смесата на собна температура да се зацврсти. Овој сјај може да го користите и до еден месец, нормално ако не го потрошите уште првиот ден:))

Write A Comment