Убавина

Домашни балзами за подобар квалитет на косата

Регенераторот за коса од јаболокв оцет може да направи чудо со распуканите врвови, а маслиновото масло со масло од јојоба е елискир за косата.

Доколку често ја третирате косата, без разлика дали тоа се фарби за коса, или пак често ја фенирате, исправувате и виткате косата направете го овој балзам за да го спречите пукањето на врвовите. Во еден сад измешајте масло од јојоба, една лажица маслиново масло и ставете ја смесата во шише со распрскувач. Пред да почнете да ја фенирате косата испрскајте ја со миксот од масла. На тој начин ќе го спречите сушењето и пукањето на косата.

Регенераторот од јаболков оцет е вистинско решение за испуканите врвови. Во еден сад измешајте шолја дестилирана вода со една лажива јаболков оцет. Нанесете ја течноста на косата и оставете самата да се исуши. На овој начин ќе го спречите пукањето на врвовите.

Write A Comment