Уште пред да се појават брчките на лицето треба да превземете чекор за превенција. А тоа може да го сторите со кремите и лосионите кои може да ги купите, или пак да си подготвите домашни маски кои исто така имаат голем ефект.
Маска од мед и млеко
Оваа комбинација содржи многу антиоксиданси кои се многу важни кожата да остане еластична. Измешајте две лажици мед со две лажици млеко. Со оваа смеса премачкајте го лицето и вратот. Оставете нека делува десетина минути па измијте се со млака вода. Оваа маска може да ја правите два пати неделно.
Маска од праски
Оваа маска ќе ја освежи кожата, а воедно е наменета и за ублажување на првите знаци на стареење. Испасирајте една излупена праска и една белка. Со оваа маска намачкајте ги лицето и вратот и оставете нека делува половина час. Потоа измијте се со млака вода.
Маска за лице од компир
Компирот содржи антиоксиданси кои ја штитат кожата од стареење и ги редуцираат брчките. Излупете еден компир и ставете го во соковник, или ситно изрендајте го и процедете го сокот. Со сокот од компир намачкајте го лицето и оставете нека се исуши. Имијте се со ладна вода.
