After Midnight

Факти за „машката алатка“

За него се раскажани повеќе легенди отколку за Јети или за плавушите, но сè се тоа, да бидеме реални, веројатно „ловечки“ приказни. Еве неколку информации за пенисот, кои сепак се базираат на факти.

600 милиони сперматозоиди во машкото семе

Просечниот број сперматозоиди во „машката течност“ е околу 40 милиони.

Меѓутоа, во еден ејакулат (кој се движи со просечна брзина од 44mm\min), може да ги има во неверојатен број од 600 милиони.

Најголем полов орган има синиот кит

Доколку не сте го знаеле тоа, цицач со најголем полов орган е синиот кит. Неговата машкост навистина е со завидни пропорции – 2, 43 метри. Од друга страна, сопственикот на најмалиот полов огран е кртот. Со големина од 0,005 метри не ни чудно што е тостојано сокриен под земја.

За цигарите и пенисите

Секако лошата вест за сите пушачи доаѓа од универзитетот во Бостон.

Испитувањето кое опфатило мерење на ерекцијата на 2000 испитаници покажало дека постои „статистички забележителна“ разлика на должината на пенисите кај пушачите и непушачите – околу 1,5 сантиметри.

Всушност, поради тесниот размер, артериите во пенисот многу се подложени на оштетување кое го предизвикува пушењето, а со тоа се намалува протокот на крвта, а тоа директно влијае на должината на пенисот.

70 отсто од мажите се необрежани

Неодамнешните истражувања покажале дека само 15 отсто од децата над 15 години се без „вишокот кожичка“, а повеќето од нив се Муслимани или Евреи.

Доколку сте се прашувале што се прави со толкава отстранета кожичка, љубопитноста ќе ви биде задоволена.

Со оглед на тоа дека докторите денес ја имаат усовршено методата  на одгледување кожа за жртвите од изгореници, не е чудно тие вишоци на кожичка да се користат за таквите видови на хируршки зафати. Всушност, од една таква кожичка може да се добие дури 5 метри нова кожа.

Повеќето цицачи имаат коска во пенисот

Пенисот всушност е како сунгер или балон кој буквално се полни со крв. Веројатно ви е познато дека внатре немате никаква коска, но „коска во пенисот“ е вообичаена кај многу цицачи, вклучувајќи ги и шимпанзата и горилата.

Најпопуларен пенис

Пенисот кој го уживале најмногу жени е веројатно пенисот на Кралот Фатефехија од Тонга. Тој наводно, од 1770 до 1784 година спиел со 37.800 девици.

Роб сте на својот пенис

Сексуалното возбудување е процес за кој не сме свесни. Всушност можно е и самите зборови „сексуално возбудување“ да ве возбудиле. Во текот на РЕМ фазата, машкиот мозок дава наредба за ерекција дури до 9 пати во текот на ноќта.

Не постои врска меѓу големината на пенисот и прстите

Просечната големина на пенисот во ерекција е 12,4 до 16,2 сантиметри, доколку мерете од врвот до пубичната коска.

Спротивно на популарното уверување, врската меѓу величината на органот и стапалата, прстите на рацете или носот – не постои.

Неодамнешното јужнокорејско истражување ги даде токму тие резултати, но, исто така, истражувањето покажало дека сепак на жените не им е битна големината на пенисот, туку на паричникот.

Количината која ја исфрламе

Просечниот ејакулат може да се собере во една кафена лажичка. Неговата главна состојка е фруктозата, содржи 5 калории и има 5 мг белковини, што го прави потполно безопасен за голтање.

Автофелацио

Според некои истражувања, помалку од 1% од возрасната машка популација може да изведе автофелацио, а само двајца до тројца на илјада може да го изведе во потполност. Но, веројатно е сите 1000 во еден момент се обиделе да го направат тоа.

Напиши коментар