Дестинации

Францускиот дворец „ Шенонсо“ – паралелен свет на раскошот и моќта

Ќе се сложите дека модерното е појава на сложен процес. Гарантира нови правци, различни стилови, но сигурно ќе потврдите дека она што го имплементира историјата, останува легенда, никогаш не гасне неговиот сјај…Така, честопати се соочуваме со изјавите дека би сакале за момент да се најдеме во „времето“ на оние раскошни фустани, во лавиринтите на богатите дворци…Еве шанса за момент да го реализирате замисленото сценарио…Импресионирајте се и инспирирајте се од Францускиот дворец „ Шенонсо“.

Францускиот дворец„ Шенонсо“, се наоѓа во Франција, поточно во долината Лоаре. Се смета за дворец на дамите, бидејќи првенствено дамите ја одбележале неговата историја. Долго време бил во сопственост на Француското Кралско семејство, односно на Кралот Франсоа I, кој во тоа време, на ова место ги угостувал неговите љубовници. Од 1913 година, овој дворец е во сопственост на благородничко семејство, кои се потомци, а со тоа и директни сопственици. Годишно го посетуваат милиони туристи, и заедно со Версај, претставува најпосетуваниот замок во Франција.

Приклучете им се и Вие !

Напиши коментар