Celebrity

Гадните тајни на „домаќинките“ :)

Режисерот на популарната серија „Очајни домаќинки“ Mark Cherry си имал и тоа каков проблем за време на снимањата.

–          Terry Hatcher е најзлобната жена на светот, – своевремено изјави актерката Nicolette Sheridan, која доби отказ од серијата.

Таа се судеше со режисерот со образложение дека ја удрил, а од позади кулисите постојано излегуваат тајни од снимањето кои не престануваат да ја шокираат јавноста…

Поради постојаните кавги, творецот на серијата морал да пишува ппредупредувачки пораки. Во гардеробите им напишал на лист хартија:

–          Забрането е забивање нож в грб, но дозволено ви е да се гребете.

Актерките се карале кога некоја од нив ќе добиела поголем текст. Поради тоа режисерот морал да изнајми психолог кој секоја недела им држел предавања на „домаќинките“.  Гласините засега не се потврдени, но дефинитивно овие актерки се најплатените од ТВ сериите во моментов.

Напиши коментар