Мода

Гламурозни сандали за оваа Пролет со потпис на „ Dior“

Иако веќе подолго време модната куќа Dior има проблеми со наследникот на креативниот директор, ready-to-wear и haute couture колекциите продолжуваат да се нижат. Иако фалат волшебствата на Galliano , со кои се одликуваше секоја ревија, тимот на Bill Gaytten продолжува да создава. Новата колекција наменета за Пролет/Лето 2012, ретроспективно се враќа во минатото и запира во ризницата на богатство која зад себе ја остави Christian Dior. Останатото зачинување се гледа во новите, шармантни сандали кои изобилуваат со разноликост која ќе ги фасцинира сите вљубенички во аксесоарите. Колекцијата варира со модели;  од масивни wedges, до рамни сандали украсени со неонски детали. Палетата на бои градира, од нежни, тонови на пудра боја, се до експлозивни бои како вибрантно виолетови и портокалови, а додатниот гламур го овозможува змиската кожа, т.е. златниот детал.

Напиши коментар