Секојдневното џвакање мастики доведува до создавање брчки околу и нас усните и влијае на тоа тонусот на мускулите да се намали, а подоцна тешко истите да се подигнат.
Американскиот дерматолог, Џенет Ву, истакнал дека покрај генетиката, сонцето, цигарите, дехидрираноста, спиењето на една страна од лицето, на појавата на брчки во голема мера влијае и џвакањето мастики.
Дерматологот изјавил дека секојдневното џвакање мастики доведува до прекумерно муртење и создавање бори околу усните. Затоа заклучокот е јасен, ако сакате да имате стегнато лице без бори кажете им збогум на гумите за џвакање.
