Nude усните, за кратко време од тренд – стана класика…
1. По правило, карминот со „ месо боја “ го нанесуваме кога сакаме да ги истакнеме очите, односно „ smokey“ изгледот, долгите трепки или руменилото, така што избегнуваме кармин со силна боја…
2. Ваквите нијанси, по правило не можат многу да прикријат. Немојте да ги нанесувате ако Вашите усни се суви или испукани.
3.Ако Ви се чини дека изгледате бледо со оваа боја на усни, ова би можело да биде од две причини: или ја немате избрано вистинската нијанса, или го немате доволно нагласено остатокот од лицето.
4.Ако имате посветол тен, најдете нијанси како светло златна и праска боја, кои ќе додадат топлина на Вашето лице.
5.На оние со нешто потемна боја на тен, најдобро ќе им прилега пинк и розови нијанси.
6.За оние со изразено темен тен, бронзените нијанси и бојата на карамела, најдобро ќе ја истакнат совршената кожа….
