Bridal

Илузија од бајките или хотелот „Плаза“ во Њујорк?

Хотелот „Плаза“ во Њујорк е едно од најбараните места за организирање на свадбени церемонии, па не е ни чудо што треба да имате врски и да резервирате минимум две години однапред.

Хотелот располага со неколку сали за свадби, а често е дел од холивудските филмови како на пример „Војна на невестите“.

Сите организатори на церемонии велат дека „Плаза“ има некоја магија во себе. Еден од најпознатите организатори на свадби, Дејвид Тутера, вели дека навистина ужива да работи во „Плаза“, односно својата фантазија да ја преточи во прекрасниот простор кој го нуди хотелот.

Погледнете како изгледа „Плаза“ урасена според визијата на Тутера. Навистина е како од бајките!

 

Напиши коментар