Земајќи го во предвид фактот дека оваа сезона се ќе биде во знакот на неон боите, впечатливите дневни комбинации и шаренилото, воопшто не е за изненадување гласното преферирање на сенки за очи во неон боја.
Овој тренд може лесно да премине во кич доколку одберете погрешна подлога или претерате со маскарата или пак ставите некој впечатлив кармин. Истовремено е и совршен за сите оние кои имаат светол тен на кожата, сакаат бушави коси и лесно нагласени јагодици.
Овој тренд е забележан на последните големи светски ревии, посебно неон жолтата и неон портокаловата боја…и мораме да признаеме дека многумина ги воодушеви бидејќи овој вид на шминка го насочува вниманието кон Вашите очи… Сигурно ќе бидете забележани и доколку не изгледате кич тогаш верувајте многу девојки ќе го пробаат овој тренд.
Пробајте да го испробате следниот пат кога ќе се спремате за излегување и забава, затоа што впечатливата боја на очите ќе побуди многу погледи и шепкања на увце !!!
Совет
Пазете да не претерате со остатокот на шминката бидејќи во тој случај неон бојата на Вашите очи ќе биде се освен добар и „cool“.


