Sweet Home

Извонредно: Стара штала „ оживеана “ во прекрасен дом

Maxwan Architects се „ главните виновници “ за несекојдневната трансформација од штала во дом, направена во Гелдермалсен, Холандија…

Еве како изгледа проектот:

„ Од нас беше побарано да го оствариме нивниот сон за голема кујна и дневна соба каде што ќе можат да се релаксираат, да се забавуваат со пријателите, дегустирајќи вино… Трансформацијата на шталата се остварува со тоа што додадовме 10 метри, со тоа, практично и два ката. Најпрво, бевме скептици дека некој ќе се насели во ваков дом, бидејќи, пред се, немаше врска помеѓу ова место и прекрасната околина која го опкружува. Затоа, направивме инверзија, со поместување на канцелариите и просторот за складирање“, кажуваат од Maxwan Architects.

Особено, впечатливо е големото парче мебел, кое може да послужи и како кујна, и како простор за складирање, и како библиотека…

Напиши коментар