After Midnight

Како да го освоите „совршениот маж“ ???

Го пронајдовте совршениот ? Тој е отворен, шармантен, искрен, внимателен, духовит, Ви се чини дека е добра личност… Одлично !!! Сега, уште да го освоите…

Некои жени секогаш го добиваат мажот кој им се допаѓа, а други, во најдобар случај добиваат само зборови на утеха „ Ти си прекрасна, но не сум спремен за врска “, „ Предобра си за мене“, „ Би била прекрасна девојка, на некој друг“. Можеби и Вам ви се има случено, да се насмевнете слатко на овие сè почести изговори, но не откажувајте се…

Постои план за успешно освојување маж !!!

Бидете самоуверени – Немојте да бидете строги спрема себе. За да бидете неодоливи, не мора да изгледате идеално. Засакајте се самите себе, така и другите  ќе Ве сакаат. Истакнете ги особините со кои се гордеете и бидете природни.

Препуштете му се – Мажите сакаат да се чувствуваат како херои. Жените кои им се воодушевуваат на мажите имаат поголем успех. Значи, гушнете ги и успехот е загарантиран.

Послушајте го гласот на разумот – За секој случај бидете  реални и проверете: Дали делите исти интереси, ист поглед на свет, систем на вредности, цели, стил на живот.

Carpe Diem! Живејте во сегашноста ! – Жените кои живеат „ овде “ и „ сега “ им се попривлечни на мажите. Искористете го секој ден како да е последен. И уживајте во секој момент. Пробајте, не е тешко.

Бидете оптимисти – Останете опуштени, отворени и нежни. Верувајте во љубов. И запамтете, пленот кој сте го освоиле потребно е и да го сочувате…

Напиши коментар