Зимата и ладната температура, честопати оставаат зад себе, видлива штетна трага на нашата коса. Таа станува, кршлива и сува, лесно расцветува и е подложна на надворешните промени и влијанија. Но со оглед на тоа дека, пролетта е тука, време е да и помогнете на вашата коса и да ја обновите на време.
Ви представуваме, неколку совети, како вашата коса, да ја вратите во живот и да ја направите повторно, убава, здрава и сјајна.
- Користете серум за коса, како би додале влага и заштита од сонцето и од топлите апарати за стилизирање. Негувањето со арганово масло исто така може да помогне, бидејќи ја храни вашата коса.
- Заштитете ја косата од врелината на фенот, така што ќе ја сушите на помала температура. Пожелно е да купите препарат за заштита од топлина. Никако немојте да ја триете косата со пешкир, туку благо повлечете, и отстранете го вишокот од вода.
- Освежете го вашиот изглед со нова фризура. Косата можете да ја скратите или да ја промените бојата. Многу е важно, да одите на фризер после ладната зима, да ви ги отстранат расцветаните врвови и да го повратите здравиот изглед на косата.
- Заменете ја четката за коса. Наместо пластични, користете чешли кои се дрвени или од друг природен материјал. Тие се најдобри за косата бидејќи не ја поткинуваат и кршат. Редовно чешлајте ја косата, за рамномерно да ја распоредите природната маснотија.
- Не зборавајте да ставате маски за коса. На пазарите можете да најдете за секој тип на коса соодветно, а доколку не ви се пристапни цените, секогаш можете да ги направите дома. Маската би требало да ја практикувате барем еднаш во неделата.
