Здраво тело

Како да останете млади… „засекогаш“ ???

На пазарот постојат безброј препарати и третмани кои ќе Ви помогнат да ги избришете сите видливи знаци на стареење. Сепак, многу е поважно да останете психички млади…

Следниве совети ќе Ви помогнат да го дознаете одговорот:

–  Храна за мозокот – Она што го јадете, може да влијае на Вашиот разум. За жал, здравата исхрана нема многу да Ви помогне, ако почнете да ја воведувате кога ќе бидете постари. Научниците кажуваат дека веќе на возраст одд 18 до 24 години чувствуваме најголем ментален притисок и предизвици. Оттука, усвојувањето на здрав режим и исхраната во тој период би биле од голема помош за борбата со стрес. Нутриционистите предлагаат да јадете што повеќе хранливи намирници, како овошје и зеленчук, богати со витамини В и С и магнезиум.

–  Хармонија на хормоните – Следењето на нивото на хормони низ животот и превземањето акции за одржување на рамнотежа на организмот, можат да Ви помогнат од корен да го отстраните ризикот од развивање на многу процеси на стареење, како: несоница, сексуална импотенција, губење на памтењето и несакана дебелина. Хормоните контролираат сé во организмот и му овозможуваат правилно да функционира.

–  Контрола на стресот – Хроничниот стрес иницира зголемено ниво на кортизол, кој како последица може да има: вишок килограми, несоница, чести промени на расположението, сексуална импотенција, високо ниво на шеќер во крвта и висок крвен притисок. Контролирајте го стресот преку различни видови вежби: вежби за дишење, јога…

– Нега на кожата – Најголемиот орган во нашето тело, всушност, прв почнува да ги покажува знаците на стареење. Стручњаците советуваат да се штитите од сонце, со здрава исхрана, богата со антиоксиданси и витамини: A, C, D и Е. Овие моќни витамини претставуваат природна заштита од сонцето и помагаат во превенцијата за стареење или рак на кожата.Иако, тоа не значи дека кремите со UV фактор не Ви се потребни…

– Не пропуштајте прилика за добар сон – Научниците имаат откриено премногу докази дека квалитетот и квантитетот на сонот имаат повеќестрано позитивно влијание на човековото здравје. Додека спиеме, нашето тело се обновува и се подготвува за наредниот ден. Недоволно сон, може да предизвика широк спектар на хронични болести како дијабетес тип 2 и да го успори организмот.

Напиши коментар