Убавина

Како до имиџот „секси девојка од соседството“?

Нежна коса, прекрасна кожа, розеви усни… На мажите никогаш не им е доста од жени кои изгледаат природно, односно како „девојка од сосетството“. Еве неколку совети како да го постигнете тој изглед.

Усни за бакнежи: На нежните и мазни усни карминот трае подолго, а и се понежни за бакнување. Направете нежен пилинг на усните, а потоа ставете сјај за тие да изгледаат сјајни и полни.

Убави и негувани нокти: Ноктите секогаш треба да ви бидат средени, но премногу нападно налакирани. Нежен розев лак или пак француски маникир се одличен избор.

Мазно лице: Редовно правете пилинг на лицето и користете маск и хидратантни креми. Со тоа вашето лице ќе биде мазно и ќе има младешки изглед.

Истакнете ги очите: Со моливче исцртајте ги очите на краевите, па нанесете маскара за должина, а не за волумен доколку сакате да имате природен изглед.

Внимание со пудрата: Не нанесувајте многу пудра која ќе направи да изгледате постари. Најдобро е да користите само коректор за да ги прикриете проблематичните области.

Напиши коментар