Motherhood

Како со брачниот партнер кој секогаш „ е во право “ !!!

Љубезноста е клучот на успехот кога едниот партнер доминира и го критикува другиот, а приговарањето е често само израз за грижа на партнерот, смета психологот Џејн Грир.

Ве иритира што саканата личност постојано приговара или уште полошо, наредува ???

Во ресторан Ве советува што да нарачате, постојано Ве потсетува колку трошите на цигари ?

Ако Вашиот сопружник има тенденција да превзема иницијатива во поголем дел од случаите кога сте заедно, психологот советува како да ги „ закочите “ неговите, односно нејзини барања кои Ве фрустрираат и Ве прават да се чувствувате како да Ве имаат „ во рака “.

Наредниот пат кога ќе Ве натера да го забавите возењето, престанете да пиете газиран пијалак, бидете љубезни спрема Вашиот партнер. Наместо чувството на лутина и нервоза, започнете разговор. Прашајте го зошто е загрижен и од што всушност се плаши…

Еднаш, кога тој/таа ќе изрази грижа поради возењето ( бидејќи се грижи за безбедноста ), пушачките навики ( бидејќи се грижи за здравјето ) или времето кое го посветувате за создавање на Вашата врска ( бидејќи Вашиот партнер сака да се чувствувате посебно )… застанете за момент !!!

– Од самите зборови, сфатете дека станува збор за љубов, а не чувство на презир како што Вам Ви се чини, бидејќи сметате дека тој/таа шефува…

Всушност, луѓето често не искажуваат грижа и не ја ни сфаќаат потребата на својот партнер, бидејќи своите грижи ги искажуваат преку критики.

– Следниот пат, кога партнерот ќе побара нешто да направите, наместо да почнете да се расправате, прашајте го зошто всушност се грижи. Таквиот разговор овозможува луѓето подобро да се разберат и да сфатат колку се сакани од страна на нивниот партнер. Тогаш добивате повеќе дополнителна мотивација многу други нешта да ги правите заедно…

Напиши коментар